Се продаваат неколку винарници во Македонија

Bez autora
Apr 28 2014

Се продаваат неколку винарници во Македонија. Газдите на винарниците што се продаваат не сакаат многу да разговараат на оваа тема. Затоа, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се интересиравме дали знаат за продажбата на неколку од осумдесетината винарници во земјата и кој е нивниот став за ова прашање. Се работи за приватни компании во кои Министерството ниту сака ниту има право да се меша. Сопственоста е нивна приватна работа, рече портпаролот Тања Михајловска. Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов од Kавадарци го прашавме дали се плашат од евентуалната промена на сопственоста на одделни винарници. Дали тоа ќе го наруши откупот на грозје оваа година.

Се продаваат неколку винарници во МакедонијаСе продаваат неколку винарници во Македонија, дознава „Дневник“. Газдите на винарниците што се продаваат не сакаат многу да разговараат на оваа тема. Затоа, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се интересиравме дали знаат за продажбата на неколку од осумдесетината винарници во земјата и кој е нивниот став за ова прашање.

- Се работи за приватни компании во кои Министерството ниту сака ниту има право да се меша. Сопственоста е нивна приватна работа - рече портпаролот Тања Михајловска.

Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов од Kавадарци го прашавме дали се плашат од евентуалната промена на сопственоста на одделни винарници. Дали тоа ќе го наруши откупот на грозје оваа година. И тој нагласи дека за регионалниот Сојуз на лозарите „Агротиквешија“ не е важно кој ќе биде газда на одредена винарска визба. Важно е, нагласи, тој што ќе ја купи винарницата, да откупува грозје и да го плати според законот.

Тој откри дека и оваа година ќе ја разгледаат состојбата со можност за извоз на македонското грозје на поранешните југословенски простори. Ако не за друго, барем да предизвикаат поголем интерес кај домашните винарници за годинашниот род на лозјата во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik